По веста за посвојување дете, Џенифер Анистон купува ранч со коњи

Ѕвездата на серијата пријатели е многу актуелна во весниците во последно време, а причините се различни.
По веста дека глумицата Џенифер Анистон одлучила да посвои девојченце од Мексико, доаѓа веста дека Анистон ќе купи ранч и куќа од 25 милиони долари во Џексон Хол, Вајоминг, и тоа по повод нејзиниот 50ти роденден. Желбата на глумицата била да и се врати на природата и да поседува коњи, но и да има место кадешто ќе може да ужива далеку од животот во Лос Анџелес.
И додека едни таблоиди тврдат дека новата куќа на Анистон ќе биде место за релаксација, други шпекулираат дека новата куќа, како и иницијативата за посвојување на дете, се резултат на вознемиреноста на глумицата која не можела наводно да се помири со новата љубовна врска на нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит кој пак, според медиумите, ужива во романтични денови со нејзината колешка, Шарлиз Терон.
Инаку, Џенифер Анистон ќе наполни 50-години за помалку од две неделели, на 11ти февруари.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...