Со почетна цена од 50 евра, Ана Дело Русо ги распродава своите луксузни модни парчиња

Италијанската модна новинарка, соработничка на списанието „Вог“, но и една од најфотографираните жени во светот позната по извонредниот стил и луксузните модни парчиња кои ги носи, одлучи да распродаде дел од својата гардероба.

Дело Русо е „сопственичка“ на над 4 илјади чифта чевли, а поседува толку многу гардероба што морала да купи стан во Милано наменет само за гардероберите.

Продажбата на модните парчиња на Дело Русо ќе се одвива на Нет-а Портер, но и преку аукцијската куќа Кристис. Почетната цена на сите парчиња изнесува 50 евра. Во широката понуда ќе се најдат модели од Миу Миу, Долче и Габана, Армани, Сен Лоран, Јоши Јамамото, Версаче и бројни други луксузни модели од славните дизајнерски имиња.

x

Check Also

Кралицата Летиција во точкаста блуза од MANGO

Шпанската кралица Летиција и кралот Филип VI. го посетија спортскиот центар „Чентро ...