Одлична вест за љубителите на брендот „Guess“. Во Скопје почнува да функционира првата монобренд продавница Guess, во која ќе биде застапена женска, но и машка колекција.
Купувачите можат да ги најдат своите омилени парчиња на виртуелната продавница на www.fashiongroup.com.mk, а со отворањето на трговските центри – и во продавницата во Skopje City Mall на приземје. Во рамките на продавницата ќе бидат застапени линиите Guess, Guess Jeans, како и Marciano by Guess.
На денот на отворањето на виртуелната продавница за сите купувачи беа подготвени голем број изненадувања, а екслузивно гостуваше популарната Sara Jo (@sarajoofficial), која со свој перформанс се вклучи во живо на Инстаграм профилот на Fashion Group.
За сезоната пролет/лето 2020 Guess нуди колекција која изобилува со атрактивни и трендовски модели. Женственоста е на прво место, а неа на одличен начин ја доловува сензуалната Џеј Ло, која е Guess девојката за оваа сезона.
Ве покануваме да бидете дел од уште едно уникатно модно искуство на онлајн продавницата на Fashion Group!