Почна снимањето на филмовите на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс

На повеќе локации во Скопје деновиве се одвива снимањето на документарните филмови на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс. Изборот на темите беше направен на минатогодишниот „пичинг“, што се одржа во рамките на Патувачкото кино на МакеДокс во партнерство со Фестивалот „Дрим ОН“ во Струга.

Филмовите опфаќаат теми што се поврзани со животот на младите, како музика, автостоп и урбани приказни. Во снимањето на филмовите се вклучени 12 докуникулци. Премиерата на филмовите ќе се одржи на десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, од 21 до 28 август во Скопје.

Филмската работилница „Докуникулци“ е поддржана од НЕД (National Endowment for Democracy) од Вашингтон и Агенцијата за филм.

Резултат од работата на првата генерација „Докуникулци“ на МакеДокс беа трите кратки документарни филмови „Адолесцензура“ (Македонија, 2018, 14 мин.) на Леа Димитрова, „Поглед во очите“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Јоана Арсовска и „Поинакви“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Розе Симоновска.

Покрај одличниот прием на филмовите на премиерите во рамки на минатогодишното издание на фестивалот МакеДокс, документарците беа прикажани и на фестивалите „Дрим шорт“ во Струга, „Слободна зона“ во Белград (Србија), во неколку средни училишта во Скопје, како и во рамки на проектот „Од 1 до 101“ на „Чекор по чекор“ во Охрид, Битола и Скопје.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...