Почна со работа „Кафе Литература“: На кафе во најголемата книжарница во Македонија

Во рамките на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore, што беше отворена минатата недела во соработка со „Скопје сити мол“ почна со работа Кафе Литература (Cafe Literatura).

Согласно прописите за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри, во кафе-барот се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца, а посетителите засега ќе можат да престојуваат само на терасата од локалот.

Кафулето е еден од најзначајните новитети на новата суперпродавница на „Литература.мк“, каде што ќе може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга.

На менито се различни видови кафиња кои го задоволуваат вкусот и на најпребирливите консументи, а тука се и различните видови коктели и смути, топлите напитоци, безалкохолни пијалаци, избрани брендови на алкохол и селекција на квалитетни вина.

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...