Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол- Зимска чистка до последна залиха!

 

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

 Од 19 јануари па се додека има залихи, Скопје сити мол ја организира шопинг манијата наречена Last Minute Sale. Облека, накит, обувки, спортска опрема, модни додатоци, бела техника, со еден збор сè што сте посакувале да го имате и е дел од актуелните колекции, ќе можете да го добиете по намалена цена, со попусти до дури 70%. Со оглед дека почетокот на акцијата се поклопува со продолжениот празничен викенд, тоа дава можност деновите да бидат искористени најубаво – во шопинг. Но не обичен, туку таков каде поради големите попусти, со ист буџет ќе може да дојдете не до едно, туку до неколку парчиња облека или други производи. А нема поубаво чувство од тоа да се купи нешто што се посакува, што веќе подолго време е на листата на желби, што ќе ни го разубави денот и што нè прави среќни. И тоа по неверојатно ниски цени поради што на пример, наместо едно или две, ќе можете да купите четири или пет парчиња квалитетна облека од актуелните колекции.

„Водејќи се по пазарните правила според кои најголемите попусти во најреномираните трговски центри насекаде во светот се на крајот на јануари и почетокот на февруари, Скопје сити мол веќе неколку години, во координација со закупците, во овој период ги промовира последните намалувања на цените од последната колекција. Акции со големи попусти се нешто што се организира два пати во текот на годината, а Last Minute Sale претставува акција со која се заокружува сезоната која изминува и на посетителите им се овозможува по неверојатни цени да дојдат до посакуваното парче облека, чевли, моден додаток или друг производ, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.

 Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто посетителите ги очекуваат во речиси сите продавници на големиот трговски центар. New Yorker, LC Waikiki, Fashion & Friends, Tom Tailor, ALDO и многу други познати брендови кои имаат продажни места во Скопје сити мол, на посетителите ќе им овозможат да одберат некој производ и да ја дополнат својата гардероба бидејќи убаво парче облека, чевли или додатоци никогаш не се отповеќе. И тоа не било какви производи, туку брендови чиј квалитет гарантира дека не само оваа, туку и следните сезони ќе бидете убаво облечени.

 

Last Minute Sale едноставно е одлична можност за сите, што не треба да се пропушти. Без разлика дали сте млади или повозрасни, Скопје сити мол со својата големина и бројот на продавници е место каде секој може да најде по нешто што му е потребно. А кој би одолеал ако тоа може да се купи на попуст и тоа до 70 отсто.

x

Check Also

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, ...