Почина Берт Стерн: човекот кој ги направи легендарните фотографии на Мерилин Монро

„Жените се се’, мажите се само мускул“.

bert stern glavna

Фотографот прочуен по портретирањето на славни личности почина на 83 години.

Кога Берт Стерн ги фотографираше славните личности секогаш го имаше чувството дека тоа е животна пригода која се случува само еднаш. И имаше право. Само шест месеци по прочуената фотосесија направена во хотелот Бел-Ер, Мерилин Монро почина додека Берт остана со 2.500 фотографии од неа, меѓу кои и последните на кои секс-иконата изгледаше исклучително тажно.

bert 6

bert 4

Од 1962 година Стерн беше фотограф на Вог и беше во можност да ги фотографира најславните луѓе во светот, вклучувајќи ја и Џеки Кенеди.

bert 3

bert 2

Роден во Њујорк во 1929 година, средното училиште го напушти за да почне да работи во модното списание Лук. На 18 годишна возраст се запознава и спријателува со Стенли Кјубрик, во тоа време фотограф. Години подоцна кога Кјубрик станува еминентно име во филмскиот свет, Стерн беше ангажиран да направи фотографии и постер за филмот Лолита (1962) со ѕвездата Сју Лајон која носеше очила за сонце во вид на срциња и лижеше лижавче. Постерот ќе стане легендарен.

bert 5

По враќањето од војска и Корејската војна, Стерн ќе направи серија рекламни фотографии за Смирноф вотка, кои во најбрз рок ќе го поминат светот.

Со години Берт Стерн ќе ги урива границите на модната фотографија, но и на рекламните кампањи со кои ќе го заслужи прекарот – херој на културата. Следува уште една историска фотосесија за „Џез во летните денови“.

bert 9

Во архивата на славниот фотограф остануваат незаборавните фотографии од Софија Лорен, Брижит Бардо, Одри Хепберн и Твиги.

bert 9

Од ѕвездите на поновото време, позната е серијата фотографии направена во истиот хотел каде последен пат е фотографирана Мерилин Монро, Бел Ер, но овој пат со нејзината обожавателка – актерката Линдзи Логан која позираше исто како Мерилин.

bert 8

Два пати ќе стапи во брак, вториот пат тајно во 2009 година. Од првиот брак има две ќерки и еден син.

„Жените се се“, рече Берт Стерн во документарецот посветен на неговото дело. „А мажите се само мускул“.

 

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...