Почина убавата и талентирана хрватска актерка Долорес Ламбаша

Убавата актерка им подлегна на повредите од сообраќајната несреќа која се случи во 6.30 часот. На македонската јавност и е позната по неколку популарни хрватски серии.

dolores 2

Докторите во болницата во Славонски Брод ја примиле глумицата во тешка состојба. Поради бројните повреди во пределот на стомакот и внатрешното крварење веднаш била оперирана. Иако цело време била во свесна состојба, Долорес ја загуби битката за живот.

dolores 1

Приватно, убавата глумица беше во врска со бизнисменот Јосип Радељак. Во сообраќајна несреќа почина и неговата сопруга Ена Беговиќ, една од најголемите театарски глумици во Хрватска. Радељак од бракот со Ена има ќерка за која Долорес долго време се грижеше како мајка. Кога врската се растури, глумицата се врати во родниот Шибеник каде продолжи да снима серии.

Зад неа беа и бурните врски со глумецот Иво Грегуревиќ и Фрањо Ласиќ.

Убавата Долорес беше омилена меѓу глумците, а поради нејзиниот голем талент сите и прогнозираа блескава кариера.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...