Новогодишно пакетче Винчини

Подарете пакетче слатка среќа!

Да знаат децата во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во македонската компанија „Макпрогрес, напиша пред извесно време еден македонски медиум.

Новогодишно брауни Винчини

Не е ни чудно тогаш зошто децата во Македонија со нетрпение ги чекаат токму новогодишните пакетчиња од Винчини. Составени од внимателно избрани производи, според вкусот и желбите на децата, правејќи ги воедно најубавиот детски подарок.

Бесценето е да се види радоста на лицата на децата кога ги отвораат новогодишните подароци. За децата, тие имаат големо значење, па често и неколку недели пред Нова Година пишуваат писмо за Дедо Мраз и прават список на слатки и подароци кои сакаат да ги добијат, верувајќи дека новогодишните пакетчиња, Дедо Мраз на 1-ви јануари ќе им ги остави под елката.

Новогодишно пакетче Винчини

Дечињата ги обожаваат новогодишните пакетчиња кои се полни со слатки производи, како специјална награда за нивното добро однесување. Тие уживаат да добиваат подароци, а ние возрасните со чинот на подарување ги учиме дека и давањето овозможува радост и топлина.

Во нашите краишта, децата веруваат дека Дедо Мраз им остава пакетчиња под елката, па се трудат да ја накитат со најубави лампиони и светилки. Целото семејство неизмерно се радува на новогодишните обичаи и традиција за заедништво и дружење.

Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Така да не е реткост со дел од производите од детските пакетчиња да се послужат и постарите! Посебно со тортичките и вафлите кои неретко се избор на возрасните на прослави и пријателски собири.

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Специјална линија на TIMBERLAND чизми

Познатото зимско сивило го „боиме“ со фантастичните, нови TIMBERLAND чизми достапни во продажба ...