• Цртежот заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испратете ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 8 мај 2019 година.

    Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа, деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 09.05.2012 до 08.05.2015 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од од 09.05.2009 до 08.05.2012 година.

    Изборот на победниците ќе го направи стручно жири кое ќе има за задача да одбере по три најинтересницртежи во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди супер награди и тоа: 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

    „Многу ни значи што успеавме петта година по ред да го реализираме овој ликовен конкурс од награден карактер и со тоа да заокружиме една скромна целина и да прославиме мал јубилеј. Кога ќе погледнеме наназад, од цртежите кои сме ги добиле за овие 4 години, стануваме свесни за силната и уникатна уметничка моќ која ја поседува секое дете. Детската креативност и фантазија се корисни за нивниот развој, и среќни сме што ги мотивираме децата да ги нацртаат своите најубави уметнички дела.“ велат од Ладна.

    За сите заинтересирани повеќе детали за конкурсот, но и за многубројните изненадувања во следните недели, може да прочитате на Facebook страната на Ладна.

    Испраќајте цртежи и следете нè на www.ladna.com.mk