Нетрпеливи сте, чекајќи го декемврискиот период на забави? Ајде, да направиме ново изненадување, па наместо греано вино, подгответе греан џин тоник.
Што ви е потребно?
-1/5 лажичка мускатно оревче
-4 стапчиња цимет
-3 каранфилчиња
-250 мл џин
-4 кришки портокал
-50 мл сок од портокал
-лажица шеќер
-брусница по желба
Подготовка:
Сокот од лимон, сокот од портокола и зачините згреј те ги во лонче. Кога смесата ќе зоврие, додадете го џинот, кришките портокал и шеќерот па варете 10 минути на ниска температура. Кога џинот ќе зоврие, оставете малку да се излади и послужете го во стаклени чаши. Рабовите украсете ги со шеќер. По желба, во џинот додадете брусници.