Подгответе греан џин тоник за празниците

Нетрпеливи сте, чекајќи го декемврискиот период на забави? Ајде, да направиме ново изненадување, па наместо греано вино, подгответе греан џин тоник.

Што ви е потребно?

-цеден сок од половина лимон

-1/5 лажичка мускатно оревче

-4 стапчиња цимет

-3 каранфилчиња

-250 мл џин

-4 кришки портокал

-50 мл сок од портокал

-лажица шеќер

-брусница по желба

Подготовка:

Сокот од лимон, сокот од портокола и зачините згреј те ги во лонче. Кога смесата ќе зоврие, додадете го џинот, кришките портокал и шеќерот па варете 10 минути на ниска температура. Кога џинот ќе зоврие, оставете малку да се излади и послужете го во стаклени чаши. Рабовите украсете ги со шеќер. По ѓелба, во џинот додадете брусници.

x

Check Also

Новогодишeн џез концерт “Приказна за еден град“ денес во Битола 

„Приказна за еден град” е насловен овогодинешниот новогодишен џез концерт на Jazzna ...