Подготвувате вечера за Valentine’s Day или Св. Трифун? Имаме идеи како да ја уредите масата со стил!

Подготвувате вкусна вечера за утрешната прослава за Valentine’s Day? Или повеќе преферирате да наздравите со пенливо вино за Св. Трифун? Која пригода и да ја славите, убаво е масата на која ќе ја поставите храната и пијалокот да биде уредно декорирана со внимателно одбрани детали.

МакМода ви дава идеи како тоа можете да го направите во вашиот дом, а да изгледа со вистински стил и елеганција. Потребно е малку инспирација и многу љубов!

Детали со свеќници, срциња и честитка

Одберете интерсна форма на чинии и хоризонтално поставете го приборот, кој потоа ќе го заврзете со сатенска лента во црвена боја. Додадете ја честитката и свеќниците за романтична атмосфера, а дополнете со конфети во форма на срце кои можете и сами да ги приготвите од хартија или салфетки. Доколку се одлучите за уште поедноставна опција, декорирајте го приборот само со црвена салфетка, врвка и срце украс во чинијата.

Едноставни декорации со цвеќе 

Имате едноставна декорација која е со вистински ефект. Чинии во кружна форма, збогатени со ливчиња од розите, а една од нив, поставете ја во горната чинија заедно до приборот за јадење. Заврзете го приборот со панделка, а додадете свеќи и детали во форма на срце.

Декорации во комбинација со подарокот

Што поубаво од пречек на саканиот со вкусна вечера и подарок на масата? Затоа декорацијата овој пат спојте ја со подарокот. Внимавајте тоа да се едноставни форми и бои во кои преовладуваат црвената, црната, белата, кремавата.. со цел да се добие посакуваниот изглед за Празникот на вљубените или Св. Трифун. Во зависност од подарокот, вино, спакувана кутија, цвеќе, честика и сл. ви даваме три супер предлози како да ја поставите масата. Сите се едноставни, а имаат впечатлив изглед. Потребни ви се: цвеќето, панделките, спакуваниот подарок, конфети или било кои други детали по ваш избор.

 

x

Check Also

Рижото со цвекло и пармезан, прекрасен вкус и боја!

Со впечатлива виолетова боја, специјалитетите од цвекла не се само уживање за ...