Пофалби за кампањата на Гучи: Новата маскара ја рекламира девојка со Даунов синдром

Бројни пофалби пристигнаа на Инстаграм профилот на луксузната модна марка Гучи, по објавата дека за рекламната кампања на козметичката линија, поточно за новата маскара насловена L’Obscur, се одлучиле за моделот Ели Голдстајн, убава девојка која има аутизам.

Ели е Британка и има 18 години. Не само што е лице на кампањата, туку нејзината кариера има светла иднина. На иницијатива на креативниот директор на„Гучи“, Алесандро Микеле, оваа девојка ќе биде објавена и на страниците на Вог Италија, како протагонистка на фотографиите на младиот уметник Дејвид Пд Хајд. Настанот е дел од фестивал Фото Вог,  кој се одржа во ноември 2019 година, организиран од Гучи Бјути и италијанскиот Вог.

„Ја дизајнирав маскара L’Obscur за автентича личност која користи шминка за да ја раскаже својата приказна за слободата, на свој начин“, рече Микеле.

Алесандро Микеле, уметничкиот директор на Гучи, е познат по тоа што е секогаш еден чекор пред сите.

„Среќен сум и горд што Гучи, модна куќа со корени и продуктивно срце во Фиренца, ја избра Ели Голдстајн за кампањата. Интелигентна и силна порака: инвалидитетот не е и никогаш нема да биде пречка! “, искоментира на Фејсбук градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела.

x

Check Also

Супермоделките Ирина Шајк и Џоан Смолс во нова кампања на Викторија сикрет Bombshell 

Bombshell е нов парфем од популарната марка за долна облека Викторија сикрет. За ...