Поглед на дел од есенската колекција од ZARA (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шпанската модна марка Зара претстави дел од есенската колекција во која доминираат модните парчиња во нијанса на земја.

Колекцијата задоволува различни вкусови и вклучува црни мини сукњи, блузички и маички со асиметричен крој, макси кошула-фустани, костуми во кафени тонови за деловна атмосфера…Но, освен модни парчиња есенската колекција од Зара содржи и бројни модни додатоци, а акцентот е овојпат на ѓерданите.

Што се однесува до обувките, дизајнерите од Зара предност им даваат на чизмите со висока потпетица.

x

Check Also

Есен со BERSHKA: Лакираните чизмички се во фокусот

За сезоната на постудени денови BERSHKA ни нуди лакирани чизмички. За секој вкус ...