Поглед на есенската колекција од MANGO: Есен во мирни тонови

Дизајнерите од шпанската модна марка MANGO оваа есен го ставаат фокусот на неутралните нијанси.

За есенскиот тренди водич позира полската убавица Малгозија Бела.

Колекцијата вклучува блејзери, џемпери, туники, долги волнени палта кои се носат во комбинација со волнени здолништа и панталони. Освен на волната, акцентот е и на вештачката кожа која е многу модерна за оваа сезона.

Од палетата на бои тука се нијансата на карамела, крем, беж и нежно-сивата.

x

Check Also

& Other Stories нуди супер модни комбинации по достапни цени за лето 2021

Ако барате модно парче за вториот дел на жешкото лето, & Other Stories ...