Поглед на извонредната колекција на Вирџил Абло за Серена Вилијамс за US Open

Тениската шампионка Серена Вилијамс ќе носи креации на Вирџил Абло за US Open натрпеварите овој месец.

Нов ден, нова одлична соработка на Вирџил Абло, 38-годишниот американски дизајнер кој е уметнички директор на Луј Витон, но и извршен директор на миланската модна марка Off-White, модна куќа кој тој ја основа во 2013 година. Овојпат, Абло беше повикан од „Најк“ за соработка во дизајните на спорткста тениска облека која тенисерката ќе ја носи годинава, на 50-то издание на US Open, кое почнува на 27-ми август.

Колекцијата дизајнирана од Абло е насловена “The Queen Collection,” а линијата вклучува тениски фустанчиња достапни во продажба во бела и црна боја, торба, јакна и три модели на патики: NikeCourt Flare 2, Nike Air Max 97 и Nike Mid SW. Тениското фустанче, јакната и патиките исто така ќе бидат достапни во продажба во продавниците на Nike, до крајот на овој месец, со цени од 130 до 900 долари.

-Со Серена, имаме во нашата генерација една од најмоќните, најинспиративни спортски музи. Се обидов да го внесам нејзиниот дух во колекцијата и да донесам нешто сосема свежо во тенисот“, објасува Абло.

Инаку, Серена Вилијамс потпиша договор со Nike во 2003, за 40 милион долари.

Во продолжение, погледнете некои од спортските модни парчиња од Абло кои ќе ги носи Серена Вилијамс.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...