Поглед на колекцијата H&M Fall Fashion 2020, достапна во продажба од утре

Колекцијата на H&M е инспирирана од чипкастите детали од 1930-те години.

Станува збор за осум модни парчиња сите со „vintage“ детали како нагласени ракави и карнери, и модерни волуменозни кроеви.

Од палетата на бои застапена е белата и црната како контраст, додека тантелата и волната се изработени од одржливи материјали.

Колекцијата H&M Fall Fashion 2020 е иновација и изобилство од рециклирани материјали што е чекор кон целта на H&M до 2030 година да користат само рециклирани материјали и производи од одржливи извори.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба од утре, 10 септември, во сите продавници на H&M низ светот, како и во онлајн продажба на официјалната страница на модниот гигант.

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...