Поглед на колекцијата H&M Studio за есен/зима 2019

Моделот Адур Акеч е главно лице во кампањата за новата колекција H&M Studio за есен/зима 2019. 

Магичен реализам е насловена кампањата на H&M Studio, и навистина, моделите се магични. Луксузната линија на H&M за сезоната на постудени денови ни носи модерни џемпери и туники, раскошни фустани со богат принт и миди должина, кожени високи чизми и волнени палта и кожени мантили. Кампањата е реализирана во „стрит стајл“ стилот, а снимена е од фотографот Кристијан Мекдоналд на њујоршките улици. – Бевме инспирирани од идејата да најдеме магија во секојдневието. Секое парче е дизајнирано да може да се носи  24/7 а наменето за модерната жена. Класиката доминира во оваа колекција, па модните парчиња се безвремени, но сепак, во нив се чувствуваат нежни и емотивни елементи, објаснува Анџелика Гримборг, концептуален дизајнер во  H&M. Во фотогалеријата погледнете дел од моделите на H&M Studio за есен/зима 2019.

x

Check Also

After Party понуда до -70% во Sara Fashion

Попустите во Сара Фешн по повод 20 годишнината од нивното постоење продлжуваат ...