Поглед на колекцијата Love од Кристијан Лубутен

По успехот на балетанките кои ги лансираше во 1992 година и кои станаа омилени обувки дури и на холивудските ѕвезди, францускиот дизајнер на луксузни чевли, Кристијан Лубутен, направи нивен редизајн кој е во фокусот на новата колекција насловена Love, дизајнирана за сезоната есен/зима 2018.

И овој модел на балетанки е инспириран од стилот на раните 90.години. Оригиналниот модел пак, беше инспириран од фотографијата на принцезата Дајана пред Таџ Махал.

Колекцијата Love вклучува и чизми, патики, ранци и чанти, а интересно е дека сите се дизајнирани во различни стилови, од спортски и кежуал до елегантен изглед.

Кожените обувки и чанти се карактеристични по принтот-графити кои ја носат пораката – љубов.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...