Поглед на колекцијата за есен/зима 2019 од Violeta by Mango

Шпанската убавица Лорена Дуран, која годинава беше именувана за прв „плус сајз“ модел на популарната компанија за долна облека Викторија сикрет, позира за кампањата на есенската колекција на Violeta by Mango. 
Кампањата е снимена во Париз, Франција, а насловена е Les Rues de la Mode. Лорена позира на париските улици покажувајќи ги новите трендови за есен/зима 2019/2020 инспирирани од француските девојки. 
На наше задоволство – полка точките остануваат во „игра“, како и цветните принтови овојпат во потемни нијанси. Вниманието ни го привлекуваат маичките со позитивни пораки кои секогаш се тука да не потсетат да се сакаме, карираните комбинезони, чизмичките на висока потпетица со змијски принт и мантилите со наглаен струк. 

x

Check Also

Црни модни изгледи за зима 2019/20 од & Other Stories

„Фрлете“ погледн на црните модни комбинации од модната марка & Other Stories дизајнирани ...