Поглед на колекцијата-ѕвезда на оваа есен: Erdem x H&M

Несомнено, колекција за која најмногу се зборува оваа есен, барем кога се однесува до „хај-стрит“ модата, е колекцијата која настана од соработката на канадско-трускиот дизајнер Ердем Моралиоглу и модниот гигант Х&М.

Љубителите на стилот на Ердем, и воопшто љубителите на ваков вид соработки меѓу луксузните модни марки и популарниот бренд кои станаа традиција, едвај ги чекаат модните парчиња кои можат да си ги дозволат по многу прифатлива цена, а кои ќе се најдат во продажба во продавниците Х&М стартувајќи од 2-ри  ноември. И не се сомневаме дека се ќе се распродаде со молскавична брзина.

Првиот поглед на колекцијата го разотрива доминантниот викторијански стил. Фокусот е на лелеавите фустанчиња со набори, карнери и чипки, и на костумите со цветен принт. Во секое модно парче има многу возбуда и многу игра. Чипкасти кошули со нагласени крагњи, но и фенси кошули во пижама стил, кратки џемперчиња во нагласени бои, флорални палта со миди должина и нагласен струк…, цветовите се навистина насекаде – дури и на дуксерите со качулка (кои овојпат се сугерира да ги носиме со цветен фустан), на чевлите, патиките, маичките, на накитот…

Малку е да кажеме дека посакуваме се! Проверете зошто, во фотогалеријата.

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...