Поглед на костимите за капење од популарните модни марки за пролет/лето 2019

Летото се уште ни изгледа далеку, но популарните модни марки веќе се подготвени за сезоната на потопли денови, лансирајќи ги колекциите на костими за капење. Некои од костимите веќе се и достапни во продажба.

Па, ако се прашувате какви костими за капење ќе носиме оваа пролет/ лето, одговорот го најдовме во новите колекции. Судејќи според дизајните на досега видените костими, доминираат принтовите со „анимал“ принт. Слично како и ланската година, тука се едноделните модели со риги и дводелните карирани модели.

Првата „тура“ на костими за капење веќе пристигна во продажба во продавниците на H&M. Акцентот е на животинскиот принт, спортските градници и гаќичките со висок струк. Кај едноделните костими наоѓаме модели со „едно раме“.

Х‘М

Во понудата на Бершка, највпечатлив е ретро црниот костим за капење со врзување кај градите, но и трендовскиот едноделен костим со змијски принт. За љубителите на дводелни костими, тука се моделите со карирани материјали.

Бершка

Манго и понатаму го форсира трендовскиот анимал принт, па го наоѓаме и кај едноделните и кај дводелните костими за капење. Во колекцијата не недостигаат и класичните модели на црни, едноделни костими за капење.

Манго

Манго

Pull&Bear нудат дводелни плишани костими за капење со спортски градник. Интересни се црните секси модели, а тука се и популарните костими со риги.


Pull&Bear

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...