Новата колекција на Reserved е инспирирана од ориенталниот стил – етно и бохо стилот добија нова димензија во насока на модна инспирација од Блискиот Исток.
Нијансите на земјата, пастелните тонови, свилата и кафтанот се главни протагонисти во новата колекција дизајнирана за лето 2019. Главниот збор е – лелеавоста. Такви се блузите, фустаните, туниките но и панталоните.
Популарните crop блузи збогатени се со интересни панделки и ракави, па одлично „стојат“ со секаков крој на здолништа и панталони.
Во продолжение, погледнете ги наинтересните модни парчиња од Reserved за лето 2019.