Поглед на летната свечена колекција од Mango

Во летната свечена колекција на Mango доминира трендовската портокалова нијанса, а тука се и елегантните фустани во црвена и жолта боја. Колекцијата е создадена за летните ноќи, а инспирирана од ред-карпет стилот.

Софија Санчез де Бетак

Да се потсетиме, Mango е првиот шпански „хај-стрит„ бренд кој ја доби честа да облече позната личност на престижниот настан Мет-гала, а тоа беше долгогодишната амбасадорка на оваа модна марка, Софија Санчез де Бетак. Таа на црвениот тепих прошета во фустан со омбре ефект во нијансите на мангото, креација која заедно ја осмислија дизајнерите на Манго и стилистката Мими Катрел. Токму со ова модно парче беше најавена колекцијата инспирирана од црвениот тепих.

Колекцијата содржи и чевли со висока потпетица, сандали и модни додатоци – обетки и чанти.

Во продолжение, погледнете дел од преубавите креации на свечената колекција на Mango.

 

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...