Поглед на новата колекција на очила за сонце на Quay и Џенифер Лопез

По бомбастичната најава поддржана со фотосесија на која позираат Џенифер Лопез и Алекс Родригез рекламирајќи ја новата колекција на очила за сонце од популарната австралијаска марка Quay, сега имаме можност да „фрлиме“ одблизу поглед на новите модели кои се достапни во продажба.

Иако Quay важи за луксузна марка, колекцијата Quay x JLo  е дизајнирана да таргетира поширока публика, а очилата за сонце се продаваат по цена од 60 долари. Може да се купат и во онлајн продажба на официјалната страница на Quay.

 

Во продолжение погледнете дел од моделите.

x

Check Also

Таканаречениот 200 Амстердам е нов облакодер кој „никнува“ на Мехнетен, а ќе ...