Поглед на новата колекција од IKEA, баш е фраерска!

По низата славни соработници, IKEA овојпат реализираше колекција во соработка со STAMPD од Лос Анџелес.

Фокусот е на „откачени“ парчиња мебел, а доминираат отворените гардеробери и кутиите за чевли.

STAMPD е основан од Крис Стамп и веќе може да се пофали со завидни соработки, како што беа оние со Ролекс и Пума. Самиот дизајнер бил познат по своите скејтборд вештини во детството и младоста, па токму и овој спортски реквизит е достапен во продажба во модерно издание за Икеа.

Во понудата се наоѓаат и интересни LED лампи, кои може да се навалат на ѕидот и да се полнат преку USB, но има и други „кул“ парчиња од типот на торби, работни маси, столчиња…, инпирирани од уличниот стил.

Проверете во фотогалеријата.

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...