Плишани високи, тесни чизми, сукњи со цветен принт во јапонски стил, предимензионирани џемпери, пуловери со плишан ефект, карирани материјали…есенската колекција на Stradivarius е полна со модни парчиња кои едноставно освојуваат „од прва“.
„Фрлете“ поглед и на хеланките од вештачка кожа, на цветните тесни панталони со флорален принт, на кожените јакни украсени со патенти и вештачко крзно, на кошулите со ефектно врзување околу струкот, на сомотските комплетчиња во пастелни бои и секако, на карираните панталончиња – тесни и со должина до глуждовите – во стилот на Брижид Бардо.
А не заборавајте и на „висечките“ обетки со реси кои го заокружуваат комплетниот изглед.