Поглед на новата Studio колекција од H&M (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новата Studio колекција на H&M дизајнирана за постудените денови ќе биде достапна во продажба во продавниците на H&M од 15 септември.

 

Широка понуда на разнолични дизајни и материјали носи популарната модна марка H&M во новата колекција со која ја најавува есента. Предимензионирани туники, тесни палта со нагласен струк, панталони со висок струк но и мини волнени фустанчиња кои одлично се комбинираат со високи чизми над колениците…

Акцентот е на кројот кој ја слави женската силуета, но не ја омекнува на романтичен начин. Преку колекцијата се слави Х&М-жената која има став.

Боите кои доминираат се топли, а од материјалите најзастапени се плишот, кожата, волната и плетките. Во фотогалеријата погледнете дел од колекцијата.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...