Поглед на новиот „Пирели“ календар (ФОТО и ВИДЕО)

Новиот „Пирели“ календар е насловен Looking for Juliet.  Фотографиите се на италијанскиот моден фотограф кој живее и работи во Париз, Паоло Роверси. 

Лансиран е престижниот „Пирели“ календар. Во него позираат талентирани лица од музичкиот и филмскиот свет, а портретите се доловени на романтичен начин. Кристин Стјуарт, Јара Шахиди, Клер Фој, Ема Вотсон, Розалија, Миа Гот, Крис Ли и Индија Мур го претставуваат исконскиот лик од претставата на Шекспир.„Барав чиста душа, некоја полна со невиност и комбинирана со сила, убавина, нежност и храброст“, вели Роверси. „Ова го најдов во сјајните очи, во гестовите и зборовите на Ема и Јара, Индија и Миа. И во насмевките и солзите на Кристен и Клер. Во гласот на Крис и Розалија “

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...