Поглед на новите чевли и чизмички од пролетната колекција на PARFOIS (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со почетокот на февруари пред нас, полека се подготвуваме за заминување на зимата и пресретнување на првите потопли денови, а желбата за пролетно дотерување ни се зголемува при поглед на новата колекција од PARFOIS.

Иако брендот е препознатлив по убавиот, трендовски (и парично достапен) накит, популарната модна марка секогаш во своите колекции има понуда и на трендовски обувки. Така и овојпат.

Во центарот на вниманието се кратките чизмички кои со задоволство ги носиме и во (се уште) зимските денови, како и во преодната сезона. Потоа, изборот на лесни и практични чевли, во кои се чувствуваме комотно од утро до вечер, а кои имаат модерен дизајн, и овојпат ги задоволува сите вкусови. Не недостигаат и класични модели соодветни за работното место, и балетанки кои ја подигнуваат секоја „кежуал“ комбинација.

Од принтовите, се уште е во игра „анимал“ принтот, а од боите, освен класичните кои лесно се комбинираат, најдовме, на пример, супер балетанки во сребрена нијанса, чевли со стабилна потпетица во црвена нијанса (одлични и за деловна атмсофера), или нежно розови чевли на ниска потпетица во метална нијанса.

Новата колекција на PARFOIS е достапна во продажба во продавниците PARFOIS или на официјалната Интернет страница на Фешн Груп – ТУКА. 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...