Поглед на новите чевли со висока потпетица од GUESS (достапни во продажба)

Со префинети модели, како и секогаш, GUESS ни ја носи пролетта 2019.

Новите модели на чевли и сандали од GUESS дизајнирани за потоплите денови веќе се во продажба, а може да ги купите и на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА. На наше задоволство, потпетиците се високи и тенки, а моделите трендовски и суперженствени. А кога и не биле?!

Од палетата на бои, во новата колекција на чевли доминира безвремената црна боја, а преубави се и моделите во нежно-тозова и беж нијанса.

Од украсните детали, тука се чипката, панделките, интересните ремчиња и декоративни синџирчиња.

Уживајте во првиот поглед на GUESS чевлите за пролет 2019, кои со задоволство ги носиме и во овие студени денови (со соодветни хулахопки) за вечерни излегувања и свечени пригоди.

 

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...