Поглед на новите хит патики од PUMA

Селена Гомез е главното лице на новата кампања на популарната спортска марка Пума. Акцентот е на новиот модел на патики кои се најавуваат како хит за сезоната пролет/лето 2019.

Гомез позира во спортски парчиња од новата колекција на Пума, давајќи им предност на моделите кои може да се носат во различни „кежуал“ пригоди и се разбира, на новиот модел на женски патики.

Пума лансираше преубави модели на спортски фустани со миди должина, со препознатливата бела лента на црната основа. Одлично „стојат“ со новиот модел на патики во нежна боја на лаванда.

Би ги носеле?

 

x

Check Also

Есенска модна инспирација: Каролина во боите на Mango

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова есен ...