Поглед на новите, пролетни фустани од ZARA

Новите модели на фустани од пролетната колекција на Зара се во знакот на женственоста и шаренилото.

Секој може за себе да најде по нешто, според сопстениот вкус, а изборот на фустани во Зара овојпат е прилично голем. Колекцијата предизвикува со живи нијанси, трендовски принтови и пријатни материјали за носење особено во периодот на потоплите денови.

Акцентот е на шаренилото, во игра е цела палета на бои, од бела до жолта, зелена, розова, црвена, сина…Фустаните со принт се во преден план, а оваа пролет ќе носиме цветни мотиви, точки, пруги и животински принт. Подеднакво се популарни и марама – фустаните.

Пронајдете го вашиот фаворит во продолжение.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...