Зара не подготвува за новогодишните и божиќните празници со новата колекција тукушто лансирана.
Во преден план се светкавите материјали и плишот, но вниманието го привлекуваат и фустаните во златна, сребрена и бронзена нијанса.
Едиторијалот е насловен „Dance, Dance, Dance”, а главните улоги ги имаат моделките Ана Рубик и Лина Жанг.
Во „парти“ колекцијата на Zara има и серија неодоливи асиметрични фустани како и жешки панталони.
Погледнете во продолжение.