Поглед на пролетната тексас колекција од Liu Jo

Liu Jo Blue Denim е колекција која вклучува модни парчиња од тексас и други „кежуал“ модни парчиња кои се носат во комбинација со тексас.

Акцентот за оваа сезона е на тексасот изработен со посебна таканаречена stonewashed техника за да се постигне избледен ефект.

Јасно е дека тексас модните парчиња одлично ги нагласуваат женските облини, па не се сомневаме дека во секое од понудените парчиња од Liu Jo ќе се чувствувате сексапилно.

Како да ги комбинирате? На различни начини – дизајнерите од Liu Jo ја надополнија колекцијата со интересни модели на патики со висока платформа и принтови, со дуксери, кошули со риги, маички…, а тука се и модните додатоци како чанти кои се носат околу струкот и марами.

Повеќе инспирација во фотогалеријата.

x

Check Also

Тренд водич на Massimo Dutti за зима 2019/2020

Отилија Сајмон позира во новата кампања на Massimo Dutti. Тренди водичот е ...