Поглед на пролетните јакнички од Bershka, е баш се супер!

За нешто повеќе од еден месец пролетта и календарски ни пристигнува, па време е да почнеме да размислуваме за ново, добро модно парче со кое ќе го освежиме гардероберот.

Овојпат нурнуваме во излогот на Бершка, а погледот го задржуваме на јакните од пролетната колекција. Во центарот на вниманието се јакните со реси и јакните во сафари стил.

Јакните со реси всушност, ќе доминираат во сезоната на потопли денови, зашто до сега ги сретнавме во повеќето пролетни колекции на популарните модни марки. Ако ние се прашуваме, предност им даваме на светлите бои, особено на силната жолта боја која е вистинска модна детоксикација од зимското сивило.

Тука се и белите јакнички, беж нијансите, а за љубителките на класиката, има и потемни нијанси.

Погледнете ги нашите „Бершка“ фаворити во продолжение.

x

Check Also

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со ...