Поглед на првата кампања на Burberry од Рикардо Тиши (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На задоволство на фановите на артистичкиот директор Рикардо Тиши, пристигна првата негова кампања за луксузната модна марка Барбери, бренд за кој од неодамна работи.

За потребите на кампањата за колекцијата пролет/лето 2019, се ангажирани дури шест фотографи со различен сензибилитет, што е очигледно во фотосесијата која остава без здив, од креативен аспект. И модните парчиња во новата колекција носат свежина, па може да се каже дека под раководтсво на Тиши, „Барбери“ е поинаков од она што го препознаваме, и значително „подмладен“.

Во кампањата се вклучени различни познати лица – од ѕвезди во подем до етаблирани модели како Ирина Шаик и Наталија Водјанова.

Секако, кампањата е во знакот и на новото лого на Барбери.

Уживајте во фотогалеријата.

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...