Поглед на сандалите од Pull&Bear за пролет/лето 2019

Полека модно се подготвуваме за пролетта, а во брендираните продавници веќе пристигнуваат првите пролетни колекции.

Иако сме се уште во сезоната на чизмите, малку време не дели од календарската пролет, од пристигнувањето на потоплите денови и секако, од замената на „потешките“ обувки со лесни и многу пријатни за носење, како што се сандалте.

Во новата сезона, судејќи според модната марка Pull&Bear, ќе носиме рамни сандали со анимал принт, а најбаран ќе биде змијскиот принт. Во мода се и ‘wedge’ сандалите со интересни начини на врзување околу глуждовите и сандалите во стилот на еспадрилите.

Особено популарни, како и кај чантите, оваа пролет/лето ќе бидат „плетените сандали“, кои можат да бидат рамни или на повисока платформа.

Погледнете дел од новите модели на сандали од Pull&Bear.

x

Check Also

Чевли и сандали со високи потпетици од пролетната колекција на Guess

Познато е дека чевлите од Guess се синоним за женственост и сексапилност, а истите ...