Поглед на вториот невестински фустан на Меган Маркл

Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, откако го напуштија замокот Виндзор, се упатија на вечера во Фрогмор Хаус, на забава хостирана од принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс. По денот поминат во формалност и традиција, двојката беше јасно возбудена и со желба да се забавува вечерва.

Секако, ја променија и облеката. Маркл го облече вториот невестински фустан, бел, тенес и секси. Фустанот со макси должина е креација на Стела Макартни. Ново-наречена Војвотката од Сасекс го надополни својот моден изглед со сатенски чевли од Аквацура и со впечатлив син прстен од Аквамарин.

Војвотката од Кембриџ пак, за разлика од строгиот костум-фустан кој го носеше на свадбата на Меган и Хари, сега одбра позабавен модел – свилен фустан со нагласен струк и кусо, елегантно џемперче.

Кејт Мидлтон и Меган Маркл

x

Check Also

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Бред Пит и Џенифер Анистон треба да глумат заедно во филм. И ...