Поглед одблизу на најзначајните креации во филмот „Џеки“

Во кината низ светот актуелен е биографскиот филм „Џеки“ во кој е претставен животот на Џеклин Кенеди во периодот по атентатот на претседателот Кенеди. Актерката Натали Портман ја има улогата на вдовица која тагува по сопругот, во филмот во режија на Пабло Лараин.

Натали Портман носи црвен костум како Џеклин Кенеди

Натали Портман носи црвен костум како Џеклин Кенеди

За костимите во филмот се погрижи француската дизајнерка Медлин Фонтен која многу верно, до перфекција, го оживеа ликот на Џеки преку елегантните костуми на една од најзначајните икони на стилот на 20-от век. Во 60-те години, строгите здолништа и костуми, како и кроените по мерка фустани кои ги носеше Џеки стилски ја дефинираа целата деценија.

Портман со познатата боб фризура на Џеки

Портман со познатата боб фризура на Џеки

Во филмот, Портман ја гледаме во неколку легендарни изгледи. Меѓу нив е и розовото палто, познато како наујтажното палто во светот, кое таа го носи во Далас на денот на трагичната смрт на претседателот Кенеди.

Легендарното розова палто кое Џеки го носи на денот на атентатот на Кенеди

Легендарното розова палто кое Џеки го носи на денот на атентатот на Кенеди

„Направивме неколку тестови за да бидеме сигурни за вистинската, идентична боја на палтото, за да го добиеме посакуваниот резултат направивме пет исти палта. Шанел ни помогна во дизајнот на идентичните копчиња“, објаснува Фонтен.

Постерот на филмот

Постерот на филмот

На постерот пак, за филмот, таа е облечена во уште една позната комбинација, дизајнирана со помош на дизајнерите од Диор.

Ќе се согласиме дека Медлин Фонтен имала навистина тешка задача, а значајноста на костумите во филмот е многу голема бидејќи добар дел од имиџот на Џеки се огледува токму преку облеката.

Да го погледнеме одблиску најзначајните креации во „Џеки“.

Свилен тесен и мини фустан со тантела

Свилен тесен и мини фустан со тантела

Глумицата носи елегантен зелен фустан како Џеки на концертот

Глумицата носи елегантен зелен фустан како Џеки на концертот

Црниот изглед на Џеки

Црниот изглед на Џеки

Уште еден „all black“ изглед

Уште еден „all black“ изглед

Свилен црвен фустан на балот

Свилен црвен фустан на балот

Црн фустан дизајниран од Диор

Црн фустан дизајниран од Диор

Свилена долна облека и портокалова наметка

Свилена долна облека и портокалова наметка

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...