Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A.
За потоплите денови C&A ни нуди широк избор на фустани со секакви форми. Секое парче е забавно и лелеаво, а макси фустаните и фустанчињата со спуштени раменици – да се потсетиме – се хит за оваа сезона.
Во колекцијата акцентот е ставен и на тексасот. Мекиот и природен материјал ги враќа во мода таканаречените „trucker“ јакнички кои лесно се комбинираат со повеќе видови на материјали.
Неизбежни се и модните додатоци за на плажа, како и костимите за капење. Посебно се истакнуваат тропските принтови, но и сандалите со симпатични детаљи. Накитот пак, за оваа сезона е исто така во нежни пастелни тонови, а очилата за сонце и шеширите гарантирано ќе ве освојат „од прва“.
Во фотогалеријата се претставени клучните модни парчиња од C&A за пролет/лето 2017.