Сандра Мансур, дизајнер со либански корени, е родена и израсната во Швајцарија, но откако дипломира на престижниот колеџ за уметност и дизајн во Женева, со силна волја одлучила да се врати на своите корени. Мансур се преселила во Либан, каде започнала да работи под раководство на Ели Сааб, чие име е поврзано со фустаните од соништата од црвените теписи, како и за невестите, направени од „бестежински“ ткаенини, кристали и бисери. Во 2010 година, таа одлучила да основа своја модна марка, која денес е поделена на две посебни линии – венчаници и секојдневна женска облека.
Модниот гигант H&M помогна креациите на Сандра да бидат подостапни за жените ширум светот со колекцијата Sandra Mansour x H&M. Модните парчиња ќе излезат во продажба многу скоро, поточно на 6ти август во продавниците H&M.
Колекцијата се одликува со парчиња кои ја спаруваат модерноста со безвременската романса.
Мансур ја именуваше колекцијата: Сончоглед. Манекенката Малаика Холман се појавува во кампањата снимена на отворено, под летното сонце.
80-тите години се инспирирација, доминираат карнерите, чипката, проѕирните материјали, а тука е и позлатениот накит за заокружување на романтичниот изглед.
Палетата на бои вклучува неутрални нијанси на сива, беж, слонова коска и црна боја.