Погледнете ги овие модели на плетени чевли од ZARA

Во последните две сезони плетените модни додатоци, особено чантите, беа едни од главните трендови, па беше прашање на време кога плетените чевли ќе завладеат со модната сцена и секако, на улиците.

ZARA во својата пролетна колекција нуди повеќе модели на плетени чевли – за дневни и за вечерни излегувања. Освен класични салонки со висока и умерено висока потпетица, кои се одлични и за деловна атмосфера, во понудата има и сандали во популарна златна нијанса, како и римјанки во црна боја – особено погодни за летниот асфалт.

Со оглед на тоа дека пролетните колекции постојано се надополнуваат, очекуваме од Зара уште модели со плетен ефект, а до тогаш побарајте си го вашиот чифт од понудата.

 

 

x

Check Also

Катарина Лука: Модниот викенд во Скопје беше само првиот чекор, а веќе целите се високо поставени

Зад значењето на името на модната марка Кали Роуз стои еден моќен ...