Погледнете го новиот дом на Хари и Меган во Ванкувер

Прекрасниот нов дом на Хари и Меган има 640 квадратни метри, добро распределени над 4 ката. Располага од пет купатила, шест спални соби, апартман за добредојде на гостите, дневна соба и огромна градина. Сместен е во најпрестижната област на Западен Ванкувер и нуди прекрасен поглед, благодарение на огромните прозорци, од океанот до градското небо.

Куќата се наоѓа дирекнто на плажа. Приватноста е од витално значење за Меган и Хари, особено по бегството од кралското семејство, па тоа е загарантирана со големи порти, ѕидови и жива ограда во висина од дури 7 метри.

Изворот од канадската агенција за недвижнини со седиште во Ванкувер објасни: „Меган изрази интерес за овој прекрасен дом. Совршен е за неа, Хари и малиот Арчи. Населбата е позната како рај за богатите и има многу опуштена атмосфера. Сигурна сум дека тие се многу среќни таму. Куќата е вистински скапоцен камен. Областа е особено барана од млади луѓе кои се супер богати и внимателни за својата приватност. Близу е плажата, каде може да се практикува релаксација и јога на плажа во лето. Но, пред сè за Хари и Меган, ова е тивко место, соседите се почитуваат едни со други и ја ценат нивната приватност. Тие бргу, многу добро ќе се прилагодат тука“.

За селењето во овој дом, се разбира заедно со кучињата и малиот Арчи, Меган и Хари издвоиле 35,8 милиони долари.

 

x

Check Also

За кои 4 работи треба да размислиме кога купуваме на попуст?

Кој може да им одолее на попустите? Излозите на продавниците велат “Повелете“, ...