Погледнете ја новата Sara Fashion колекција која ќе ве освои

Оваа есен изберете да бидете тоа што сте. Новата колекција на Сара Фешн под името “Тоа што си“ е она што ви треба. Модели изработени од високо квалитетни материјали, нежен и мек памук, со додатоци на тантела се совршено добар спој кога станува збор за долната облека во која треба да се чувствувате пријатно.

Понудата изобилува со различни дезени на маици и килоти за жени, градници, пижами, а неизоставен дел е и софистицираната линија на модели од тантела, градници, килоти, ноќници и наметки кои претставуваат вистинско задоволство. Дел од колекцијата “Тоа што си“ е и линијата за мажи која ја сочинуваат боксерките и удобните модели на пижами.

Нежни маици и килоти

Издвоивме неколку модели од памучната колекција маици и килоти. Изберете помеѓу суптилни цветни деезени од розеви и сини бои или темно сини комбинации на принт листови или срциња со додаток на панделки.

Слатки пижами за него и неа

Во комбинација со долната облека можете да одберете дезени и бои на пижамите, а може и да одберете други слатки принови како оние со мачињата, овчичката или срцињата. Додека девојките и жените одбираат слатки принт пижами, момците и мажите може да одберат помеѓу сини, сиви и црни тонови на бои помешани со точкести дезени или интересни принт стрелки.

Тантелни задоволства

Колекцијата од тантела е посебно задоволство за сите девојки и жени. Оваа понуда содржи повеќе видови на бралети, боди, граднции, килоти, танги, боксерки за жени, ноќници и наметки. Што и да одберете ќе ја почувствуате тантелата како дел од себе и пријантиот допир на сензуалност ќе ве освои.

Ова беше нашиот избор, а вие вашиот направете го онлајн на Sarafashion.mk или во продажните места на Сара Фешн низ Македонија. За сите информации околу колекциите, следете ја Сара Фешн на фејсбук и инстаграм.

 

x

Check Also

Поглед на празничната колекција на MANGO

Декемвриската сезона на празнични денови е пред нас, па време е да ...