Уникатен како и секогаш, за 10-годишнината од отворањето на првата продавница во Македонија, брендот Timberland им понуди можност на своите купувачи и фанови да ги персонализираат своите чевли со мотиви по сопствен избор, а изработени од страна на уметниците Сања Јовановска и Драган Драш Китановски.
Целодневната забава во продавницата во Скопје Сити Мол беше проследена со огромен интерес од страна на љубителите на производите од овој бренд.
Во фотогалеријата погледнете дел од атмосферата од забавата.