Хантер Мекгреди

Полничките модели Кејт Весли и Хантер Мекгреди без фотошоп и со позитивни пораки во „Спортс Илустрејтид“

Кога Кејт Весли првпат дозна дека таа била избрана за „Sports Illustrated 2018 Swimsuit Edition“, била во авион на пат од Дубаи до Лондон, и на веста поскала да вресне на цел глас. Кога пак, Хантер Мекгреди, која е прилично ниска и полничка,  дознала дека е избрана да позира за истотот издание, едноставно била шокирана. Овие две девојки со телесни пропорции кои се далеку од манекенските, се пример за растечкото позитивно гледање на женското тело кое ги поттикнува останатите девојки ширум светот да го засакаат своето тело без разлика на недостатоците и вишокот на килограми. Годинава, во изданието на Спортс Илустрејтид, токму овие две девојки ги урнаа критериумите за тоа што е женска убавина.

Кејт Весли

Годинава, едицијата „Sports Illustrated Swimsuit“ претставува 36 модели. Од актерската екипа, пет се мајки, четири се модели кои повторно се враќаат на модната сцена, уште пет се познати спортистки, четири се писателки, 12 се модели-дебитанти, и шест се раскошни модели. Даниел Харингтон е на насловната страница и претставува трет модел од темната раса која ја краси насловната на Спортс Илустрејтид, после Тира Бенкс и Бијонсе.

Едицијата, која е многу поразлична од оние од минатите години, има и два полнички модели. За нив, за Кејт Весли и Хантер Мекгреди, позирањето беше најголем предизвик, а фотографиите – многу повеќе од позирање.

Хантер Мекгреди

„Се сеќавам кога за првпат видов „plus size“ модел на насловна на списание. Имав 18 години и бев многу несигурна. Но кога ја видов Робин Лоули на насловната, искрено одеднаш почувствувам огромна радост и самодоверба. Се почувствував моќна, и посакав да сум и јас дел од моделите кои ќе ги инспирираат девојките со повеќе килограми, да се чувствуваат сигурни и среќни“, објаснува Весли.

Интересно е што двете „плус сајз“девојки позираат во црно-бела техника, а на нивните тела се испишани позитивни пораки кои сами требале да ги одберат. Уште поинтересно е дека фотографиите не претрпеле фотошоп.

„Бев многу внимателна кога ги избирав зборовите кои требаа да се напишат на моето тело, бидејќи зборовите имаат моќ да расположат или пак, да растажат некого“, вели Мекгреди.

Првиот збор што таа го одбрала бил „достојна“, збор кој сметала дека ќе допре до сите што имаат повеќе килограми на своето тело. Пораката била – без разлика на големината на телото, достојни сте за да бидете пример за женска убавина. Потоа, го одбрала и вториот збор – „бестрашна”, бидејќи, како што вели, таа требала да биде бестрашна за да се појави разголена во списанието. Но, најнеочекуваниот збор беше „безгранично”, испишан од внатрешноста на нејзиното бедро.

„За да ги реализирате вашите соништа, желби и страсти, мора да бидеме безгранични ако сакаме да го продолжиме овој дискурс на позитивно гледање на телото и од него да направиме светла реалност“, додава Мекгреди.

 

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...