„Полнички жени, да ги диктираме ние правилата во модата, мнозинство сме!“(ВИДЕО)

Марката за долна облека Curvation лансираше возбудлива кампања во која ги поттикнува „плус сајз“ жените да пишуваат свои правила кога станува збор за модата.

kurvejsn 2

Кампањата вклучува и видео кое порачува да се скршат правилата кои често ги обесхрабруваат полничките жени, кои ги тераат да ги кријат своите облини, да се држат до темни бои и да избегнуваат светкава облека и хоризонтални линии.

„Овие правила нè обесхрабруваат, а повеќе од половина од нас сме со „плус сајз“ големина “, вели нараторот во видеото.

„Ние сме мнозинство, па тогаш ајде да ги покажеме облините!“.

„Секоја жена без разлика на облините и конфекцискиот број има право да се изрази себеси преку модата, најпосле над 50 проценти од нацијата носи конфекциски број поголем од 42. Нашите производи се дизајнирани да ги охрабрат жените со своите природни облини“, порачуваат од компанијата за долна облека.

kurvejsn 1

Кампањата вклучува и разговори на социлајните мрежи каде „плус сајз“ девојките и жени постираат свои фотографии и поставуваат нови модни правила. „Облините не се бројка, тие се став“, се пренесуваат вакви и слични пораки.

За моделите да бидат достапни до сите Curvation понуди прифатливи цени за долната облека, а тие се движат од 13 до 19 долари.

x

Check Also

Топ моделот Стела Максвел го рекламира новиот парфем на Moschino – Toy 2 Bubble Gum

Ангелот на Викторија сикрет, топ моделката Стела Максвел, е заштитно лице на ...