Полноќна фраерска фудбалска треска, во кого да зјапаме: Езекиел Лавеци VS Звјездан Мисимовиќ

Е добро де, ги знаеме веќе јаките фаци на Аргентина од типот на Игуаин, Меси, ди Марија, ама што велите за суперзгодниот Езекиел Лавеци?

Фраер број еден - Лавеци

Фраер број еден  – Лавеци

Е поради Лавеци и ние ќе научиме дриблинг, по цена и да ни се вкочи вратот. И очите.

Од другата страна на теренот ни е змејот Звјездан Мисимовиќ. Не дека нешто недостига (во изгледот и стилот ) на Џеко, ама женска работа де,…башка и врски по женска линија, нели оженет со Македонка.

Звјездане, ти симнуваме...ѕвезди!

Звјездане, ти симнуваме…ѕвезди!

Разочарајте кого имате за разочарување вечерва откажувајќи ја средбата, или вратете се како Пепелашка дома до полноќ, фатете го каучот и навалете. Не, не на пуканки, чипс и слични глупости за дебелеење.  Туку на слабеење со помош на скокање, кревање на рацете, плескање, врескање, аплаудирање, се разбира и нервирање…

Гарантирано 3 килограми помалку за час и половина.

 

x

Check Also

Ајде, на паметен шопинг: 50% попусти на колекцијата есен/зима во Carter`s и OshKosh B’gosh

Подобро време за шопинг не може да биде! Carter`s и OshKosh B’gosh нѝ ...